Најмалку 15 лица загинаа во напади на бунтовници во Багдад, во време кога започна раното гласање на парламентарните избори.
Властите велат дека осум лица го загубиле животот во експлозија во близина на гласачко место во областа Хурија во северниот дел на Багдад. Гласачкото место требаше да биде отворено во неделата. Бомбаши - самоубијци подоцна активирале експлозив пред две други гласачки места во Багдад во време кога безбедносни лица се подготвувале да рано да гласаат, бидејќи за време на изборите во недела многумина од нив ќе бидат на должност. Во експлозијата загинале најмалку осум лица.