Линкови за пристапност

Промоција на македонската култура и економските капацитети во Чикаго


Промоција на македонската култура и економските капацитети во Чикаго
Промоција на македонската култура и економските капацитети во Чикаго
<!-- IMAGE -->

Новиот генерален конзул на Република Македонија во Чикаго Јовица Палашевски вели дека основни цели на присуствотото на државата во градот што претседателот Барак Обама го смета за свој дом се економска дипломатија и промоција на македонската култура.

Освен Македонија, во Чикаго конзулати имаат уште 83 држави. Овој трет најголем град во САД и бизнис- метропола. Генералниот конзул на Република Македонија Јовица Палашевски коментира дека Чикаго последните три години е на прво место на листата на најдобри трговски центри во САД. Изобилува и со културни активности и државите тука бараат промоција на своите каузи.

32-годишниот Палашевски е прв генерален конзул на Македонија во градот каде живеат околу 30.000 Македонци. Вели - иселениците се организирани преку невладини организации, македонски клубови, а најмногу преку црковни општини. За свои главни цели ги наведува економска дипломатија, промоцијата на македонската култура, унапредување на соработката со дијаспората. Како живеат Македонците во Чикаго?

„Светската економска криза не го одмина ниту Чикаго. Има огромно зголемување на невработеноста. Моментално во градот таа се движи околу 11 проценти. Кризата со невработеноста ја почувствуваа и Македонците. Претежно, иселениците во Чикаго се вработени во мали фирми, најчесто се сопственици, но во одредени случаи работат и за американски фирми“.


Во Чикаго живее претежно прва генерација млади Македонци кои таму бараат „свое место под сонцето“.

<!-- IMAGE -->

Конзулатот од годинава ќе започне да издава и биометриски пасоши за македонските државјани, најавува Палашевски:

„Се очекува мобилните екипи да допатуваат од Македонија на 19-ти април и ќе престојуваат во САД до 14-ти мај. Првите биометриски пасоши ќе бидат издадени на 4-ти јуни во Чикаго“.

Дијаспората може да и` помогне на татковината, вели Палашевски и наведува бројни доброволни акции за ширење на гласот за македонската култура, како на пример промоција на македонски изданија на саеми за книги. Постои и идеја за формирање на македонско-американска стопанска комора во Чикаго.

XS
SM
MD
LG