Извештаи објавени во четврток од Одделот за труд покажуваат дека пријавите за невработеност опаднале за 29 илјади на цифрата 469 илјади. Ова може да биде доказ дека пазарот на работна сила е во бавно опоравување.
Други цифри покажуваат дека количината на произведена работа по работник на час пораснала на силни 6,9 проценти годишна стапка во последното тримесечје на 2009. Порастот на продуктивноста е вообичаено добра вест, но во овој случај тоа уследи по долг период на отпуштања од работа и напори на работодавците да исцедат повеќе работа од преостанатиот персонал.
Некои економисти велат дека компаниите ја постигнале границата до која може да произведуваат без вработување нови работници, така што вработувањето може да продолжи во следните неколку месеци.
Други извештаи од червртокот покажуваат дека продажбата на домови опаѓа, а нарачките за фабриките се зголемуваат. Зголемувањето од 1,7 проценти во нарачките главно се должи на нарачки за комерцијален авион. Останатиот производствен сектор забележал скромен процент зголемување од една десетина во јануари.