Линкови за пристапност

Клинтон во Бразил


Клинтон во Бразил
Клинтон во Бразил

Американската државна секретарка Хилари Клинтон е во Бразил, четвртата станица од нејзината латиноамериканска турнеја по шест земји.

Клинтон во главниот град Бразилија се сретна со министерот за надворешни работи Селсо Аморим, со кој потпишаа договори за соработка на климатските промени, подобрувањето на напредокот на жената и негувањето на економскиот развој во сиромашните земји, особено во Латинска Америка и Африка.

Клинтон има средба и со бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, на која се очекува да доминира прашањето за иранската нуклеарна програма.

Клинтон допатува во Бразил од Чиле, каде вети долгорочна американска поддршка за обнова од катастрофалниот земјотрес.

XS
SM
MD
LG