Линкови за пристапност

Во Вашингтон започна регистрација на истополови бракови


Во Вашингтон започна регистрација на истополови бракови
Во Вашингтон започна регистрација на истополови бракови

Истополови двојки средата во Вашингтон започнаа да поднесуваат барање за брачна регистрација, истиот ден кога во американскиот главен град на сила стапи нов закон за истополови бракови.

Пријавувањето на првата двојка беше проследено со радосни извици. Двојките уште од рани утрински часови чекаа во редица пред Вишиот суд во Вашингтон, на само неколку блокови од Конгресот. Пред судската зграда се собра и извесен број на демонстранти.

Џон Робертс, главниот судија на Врховниот суд вторникот даде конечно зелено светло за законот кога го одби барањето на противниците кои тврдеа дека граѓаните на Вашингтон требало да бидат во можност да се изјаснат на референдум за прашањето. Градскиот совет претходно го усвои законот во декември.

XS
SM
MD
LG