Линкови за пристапност

ЕУ и САД се закануваат со нови санкции против Иран


ЕУ и САД се закануваат со нови санкции против Иран
ЕУ и САД се закануваат со нови санкции против Иран

Европската унија и САД најавуваат дека ќе побараат нови санкции против Иран поради тоа што ги игнорира барањата на ОН да потврди дека неговата нуклеарната програма е мирољубива.

Европски и американски дипломати упатија вакво предупредување средата на состанокот на Одборот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) во Виена.

Шпанската делегација, која ја претставува ЕУ во ИАЕА, упати несекојдневно остра изјава, критикувајќи го однесувањето на официјален Техеран. Изјавата го овинува Иран за „перманентен пропуст“ да ги исполни меѓународните обврски и изразува поддршка за „акција“ на Советот за безбедност на ОН доколку Техеран продолжи со исто однесување.

Иран ги отфрла западните обвинувања дека го користи процесот на збогатување на ураниум за изработка на нуклеарно оружје.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во рамки на латиноамериканската турнеја средата го посети Бразил, во обид да го убеди претседателот Луис Инасио Лула да Силва да ги поддржи новите санкции против Иран. Пред средбата, Да Силва коментираше дека Иран не треба да се тера во ќорсокак и додаде дека преговорите се подобра стратегија.

Бразилскиот министер за надворешни работи Селсо Аморим на прес-конференција со Клинтон подвлече дека Бразил нема „да потклекне“ на меѓународниот притисок. Клинтон, пак, предупреди дека без да бидат воведени нови санкции, Иран нема да преговара „со искрени намери“.

Бразил има право на глас во 15-члениот Совет за безбедност на ОН, но не и право на вето како петте постојани членки Британија, Кина, Русија, САД и Франција.

XS
SM
MD
LG