Грчкиот владин кабинет одобри нови широки скратувања за да изнајде дополнителни 6,5 милијарди долари за смирување на кризата со задолженоста на земјата што ја потресе ЕУ и го поткопа еврото.
Новите мерки вклучуваат двопроцентно зголемување на данокот на продажба, замрзнување на пензиите и дополнителни намалувања на платите за службениците во јавната администрација.
Премиерот Јоргос Папандреу кажа дека земјата ризикува катастрофа доколку не успее да ги оствари радикалните скратувања, како и дека неговата влада сега очекува поддршка од ЕУ за мерките.
Одлуката беше дочекана со протест на пензионерите кои се пробија низ полициските линии пред канцеларијата на Папандреу, а имаше демонстрации и пред Министерството за правда.
Претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо и претседавачот на министрите за финансии во евро-зоната Жан Клод Јункер средата во Брисел изјавија дека новите грчки мерки ќе помогнат да се стабилизира еврото.