Спасувачки екипи во Чиле средата продолжија да трагаат по преживеани, четврти ден откако земјотресот од 8,8 степени однесе речиси 800-тини човечки животи и опустоши делови на земјата.
Властите очекуваат бројот на загинати да нарасне.
Во време кога траат хуманитарните напори, чилеанските војници работат на запирање на грабежите и насилството што донесоа хаотична ситуација во погодените области. Во Консепсион беше ограбен голем дел од продавниците, а некои дури беа и запалени. Во овој втор по големина град во земјата се` уште е на сила полициски час, а војската и полицијата се задолжени за распределбата на вода и храна.