Линкови за пристапност

Џенерал моторс ќе повлече 1,3 милиони автомобили


Џенерал моторс ќе повлече 1,3 милиони автомобили
Џенерал моторс ќе повлече 1,3 милиони автомобили

Американскиот автомобилски производител Џенерал моторс ќе повлече 1,3 милиони автомобили во Северна Америка за да ги поправи проблемите со системот за управување на воланот.

Компанијата понеделникот ги информирала федералните регулатори за повлекувањето што ги опфаќа возилата Шевролет кобалт и моделите на Понтиак Г4, Г5 и Пурсут. Некои од моделите, произведени во периодот меѓу 2005-та и 2010-та, се продадени во САД, но некои во Мексико и во Канада.

Производителот наводно се одлучил да ги повлече автомобилите откако примил преку 1.000 поплаки за проблеми при управувањето со воланот. Во 14 случаи дошло и до сообрајаќни несреќи, а едно лице било повредено.

Џенерал моторс соопшти дека возачите можат да го контролираат возилото и доколку дојде до дефект на воланот, но доколку возат со 25 километри на час.

Националната администрација за безбедност во сообраќајот кон крајот на јануари започна истрага што опфаќа 905.000 од возилата во САД.

XS
SM
MD
LG