Околу 795 лица, според најновите податоци, загинале во силниот земјотрес што го погоди Чиле саботата. Претседателката Мишел Бачелеј вторникот информираше и дека потресот оштетил над два милиона објекти, од што 500.000 домови.
Бачелеј предупреди дека нема да се толерира ограбување и беззаконие. Таа им наложила на 10-те илјади војници испратени во погодените подрачја да постапуваат решително за да го спречат криминалот.
Властите во вториот по големина град Консепсион понеделникот воведоа полициски час, во обид да го спречат ограбувањето на продавниците што настана по земјотресот.