Линкови за пристапност

Клинтон го посети Чиле, вети помош за земјотресот


Клинтон го посети Чиле, вети помош за земјотресот
Клинтон го посети Чиле, вети помош за земјотресот

Американската државна секретарка Хилари Клинтон на турнејата по шест држави од Латинска Америка вети поддршка за опоравок на Чиле од силниот земјотрес што ја погоди земјата четвртокот.

Клинтон во Сантијаго изјави дека САД се подготвени да помогнат на Чиле, онака како што и` е потребно на тамошната влада. Со чилеанската претседателка Мишел Бачелеј покрај себе, Клинтон рече дека САД се благодарни за она што Чиле го стори на Хаити откако таму удри земјотрес. Според неа, спасуавачките екипи од Чиле се едни од најдобрите во светот.

За време на кусата посета на главниот град, Клинтон се сретна и со новоизбраниот претседател Себастијан Пинера, кој ќе стапи на функцијата наредната недела.

Таа во авионот со кој пристигна донесе и сателитски телефони што ги побараа властите, а ќе раговара и за други поединости за американската помош.

XS
SM
MD
LG