Линкови за пристапност

Македонските иселеници во САД со поделени мислења за инвестирање во татковината 


Македонските иселеници во САД со поделени мислења за инвестирање во татковината 
Македонските иселеници во САД со поделени мислења за инвестирање во татковината 
<!-- IMAGE -->

Бизнисмените од македонско потекло во САД со нетрпение очекуваат да инвестираат во Македонија, но потребна е поголема поддршка и отвореност од државата, и покрај спроведените реформи за либерализација на економскиот сектор изминатите години. Ова е резимето од бизнис-форумот што го организираше Конзулатот на Република Македонија во Чикаго, а чиј акцент беше привлекување на странски инвестиции во време кога глобалната економска криза се` уште го тресе светот.

Потребни се конкретни чекори за спречување на „одливот на мозоци“ во глобализираниоот свет, особено од секторот на информациона технологија, потенцираа бизнисмените во сугестиите до македонските власти.

Митре Кутановски, родум од село Радожда, веќе 44 години живее во САД, а 30-тина работи во Американ Експрес. Сега е претседател на групата Македонија 2025. Ги наведува најатрактивните сфери за инвестирање во Македонија меѓу исселениците.

„Во областа за мало производство има можност за инвестирање. Добра работа што забележав во изминатите години е што има се` поголем Македонци кои зборуваат англиски јазик и компаниите од Северна Америка го ценат тоа. Најдобар пример за тоа е компанијата Џонсон Контролс“, вели Кутановски.

Но, и има и бизнисмени кои веќе се обиделе да инвестираат, а не наишле на позитивен одговор.

<!-- IMAGE -->

Нури Ибраими, по потекло од прилепскиот регион, кој во САД живее веќе 10-тина години, не е убеден дека е создадена клима за вложување на тешко спечалените пари и се пожали дека не наишол на отворени врати во локалната самоуправа за неговите идеи.

„Секој кој живее во дијаспората и е надвор од Македонија, без разлика на националноста - еве јас сум Албанец - е подготвен нешто да направи за Македонија или да направи нешто во родниот крај – секој со своите можности. Прашањето е колку се тие подготвени да не` примат да инвестираме во Македонија“, рече Ибраими.

XS
SM
MD
LG