Линкови за пристапност

Македонија ниту главен производител, ниту главна регионална транзитна точка за наркотици


Македонија ниту главен производител, ниту главна регионална транзитна точка за наркотици
Македонија ниту главен производител, ниту главна регионална транзитна точка за наркотици

Македонија не е ниту главен производител, ниту главна регионална транзитна точка за незаконски наркотици, стои во редовниот годишен Стратешки извештај за меѓународна контрола на наркотиците, поделен по земји, што Стејт департментот го поготвува по налог на Конгресот.

Според документот, македонската влада продолжува да бележи напредок во борбата против трговијата со дрога, што е евидентно од порастот во запленета дрога во првите девет месеци од 2009-та. Во делот од извештајот посветен на Македонија се наведува и дека властите соработуваат регионално во сузбивањето по прашања поврзани со наркотиците, како на пример со Србија, Бугарија и Турција.
Сепак, американската влада смета дека недостатокот од поспособна владина агенција против дрогата на Косово ја отежнува соработката на Македонија со најновата земја во во регионот, но затоа додава дека македонското Министерство за внатрешни работи соработува со претставници од трети земји во операции за сузбивање на трговијата. Извештајот наведува дека има значително подобрување во меѓувладината координација споредено со лани. Како отежнувачки фактор се наведува корупцијата и слабото судство.

Марихуана за продавање незаконски се огледува во северозападна Македонија, а благодарение на поволната клима, истиот наркотик успева и во јужниот дел на земјата, но се одгледува во помали количини и за лична употреба. Македонија законски произвела афион и афинов концентрат на приближно 1.000 хектари, но во недоволни количини за сцојата фармацевтска индустрија, поради што морала да увезе дополнителен износ, стои во документот.

Македонија е потписник на Конвенцијата на ОН за борба против трговијата со дрога што датира од 1988-ма.

XS
SM
MD
LG