Линкови за пристапност

Претседателот на Тојота се извини и на кинеските купувачи


Претседателот на Тојота се извини и на кинеските купувачи
Претседателот на Тојота се извини и на кинеските купувачи

Претседателот на Тојота моторс Акио Тојода се извини на кинеските купувачи за големото, глобално повлекување на автомобили на компанијата.

На прес-конференција на која присуствуваа стотина новинари во Пекинг, Тојода рече дека му е жал за повлекувањето што предизвикало загриженост во Кина.

Проблемот на Тојота во Кина е релативно ограничен во однос на други делови од светот – таму компанијата повлече над 75.000 спортски возила од типот РАВ4 поради неисправно забрзување.

Минатата недела, Тојода се извини на распит во американскиот Претставнички дом затоа што не сторил доволно за да го отстрани проблемот со безбедноста на возилата. Минатиот четврток тој посети фабрика на компанијата во американската сојузна држава Кентаки, каде пред стотина работници кажа дека Тојота „е на крстопат“ и дека треба повторно темелно да размисли за својата работа.

XS
SM
MD
LG