Линкови за пристапност

Завршија Зимските Олимписки игри во Ванкувер


Завршија Зимските Олимписки игри во Ванкувер
Завршија Зимските Олимписки игри во Ванкувер

Зимските Олимписки игри 2010-та синоќа завршија со на моменти хумористична церемонија во Ванкувер, Канада.

Познатите Канаѓани – актерите Вилијам Шатнер, Мајкл Џ. Фокс и Кетрин О`хара кажаа збогум на Олимпијдата во ведра атмосфера, со хумор на сметка на државата-домаќин.

Претседателот на Организациониот комитет на Игрите во Ванкувер Џон Фурлонг, пак, рече дека настанот бил „голем момент во канадската историја“.

Градоначалникот на Ванкувер го предаде олимпискиот факел на колегата од Сочи, Анатоли Пахомов. Во ова руско одморалиште на Црното Море ќе се одржат наредните Зимски Олимписки игри 2014-та.

САД постигнаа рекордни 37 освоени медали на една зимска Олимпијада, но затоа Канада, која синоќа ги победи САД во финалето на хокеарскиот турнир, освои највеќе златни медали 14, што е исто така рекорд.

XS
SM
MD
LG