Линкови за пристапност

Клинтон во Уругвај на почетокот на јужноамериканска турнеја


Клинтон во Уругвај на почетокот на јужноамериканска турнеја
Клинтон во Уругвај на почетокот на јужноамериканска турнеја

Американската државна секретарка Хилари Клитнон пристигна во Уругвај на почетокот на јужноамериканска турнеја по шест земји.

Клинтон во Уругвај присуствуваше на инаугурацијата на новиот претседател Хосе Мухика, 74-годишниот поранешен водач на герилското движење Тупамаро. Нејзиното присуство на инаугурацијата ги илустрира напорите на владата на претседателот Барак Обама да допре до лево настроените влади во Јужна Америка.

Наредна станица понеделникот за Клинтон е Буенос Аирес и средбата со претседателката Кристина Фернандез. Клинтон изјави дека САД се подготвени да помогнат во процесот меѓу Аргентина и Британија во врска со Фолкландските Острови, за кои овие две земји водеа куса војна во 1982-ра година.

Клинтон треба да престојува во Чиле во вторник, каде планира да ја повтори американската поддршка за погодените од земјотресот.

Во Бразил, американската државна секретарка ќе побара поддршка за санкциите против Иран. Бразил е членка со право на Глас во Советот за безбедност на ОН. Земјата има добри односи со Иран и се двоуми околу дополнителните санкции против Техеран поради нуклеарната програма.

Клинтон ќе ги посети и Костарика и Гватемала.

XS
SM
MD
LG