Линкови за пристапност

Магијата на магионичарот е во многу работа


Магијата на магионичарот е во многу работа
Магијата на магионичарот е во многу работа

Кога Џеј Матиоли се појави на американската телевизиска програма „Америка има талент", неговата изведба ги воодушеви судиите и му донесе место меѓу врвните 48 натпреварувачи. Овој 28-годишник живее во Манасас, град во Северна Вирџинија, близу Вашингтон ДЦ и повеќе од шест години работи како магионичар.

Како дете бил инспираран од магионичарството и негов сон бил еден ден да стане професионален магионичар.

Претставата на Матиоли е мешавина од комедија, брз ритмички танц и магија. Младоликиот панкерски изглед му носи симпатии од публиката.

„Сакав да бидам магионичар кој ќе ги восхитува луѓето, но пред се сакав да кажат – тоа беше забавно. Да забавувам за мене е најголемиот приоритет", вели Матиоли.

Тој често победувал на на детски магионичарски натпревари. Подоцна работел на бродови на крстарења, на специјални настани организирани од американски корпорации и веќе втора година е дел од програмата за собирање пари за ова училиште во северна Вирџинија.

Од училиштето велат дека со него собираат два пати повеќе пари отколку порано.

Но какво е секојдневието на магионичарот?

„О, полно со магија", се шегува Матиоли. Многу бизнис, всушност. Многу договори за настапи што може да се случат една година од сега.

А за тоа, тој мора да има нов материја. Што значи, многу работа. А тоа пак значи ангажирање и на сопругата и градење и собирање реквизити.

И многу вежбање. Секоја минута на сцената значи неброено часови подготовка надвор од сцената.

А кога забавата ќе заврши, доаѓа делот што не е толку забавен - чистењето. Но сето тоа е вредно за лицето на одушевената публика, вели Матиоли.

XS
SM
MD
LG