Линкови за пристапност

Опасност од домино-ефект поради грчката економска криза


Опасност од домино-ефект поради грчката економска криза
Опасност од домино-ефект поради грчката економска криза

Грција е во опасност од длабоки социјални немири - неделава десетици илјади работници протестираа во време кога владата се реши на ригорозни реформи за излез од економската криза.Проблемот со грчкиот долг се прелева и на другите европски економии, а се се заканува и на меѓународните изгледи за економски опоравок

<!-- IMAGE -->

Работниците излегоа на улиците на Атина во средата, кревајќи глас против строгите мерки за зауздување на грчкиот дефицит и долг.Грчките економски проблеми претставуваат најтежок предизвик досега за една деценија старата заедничка европска валута – еврото, како и за 16-те земји, меѓу нив и Грција, кои ја сочинуваат економијата на евро-зоната.

Грција е главна тема во Брисел, каде водачите на Европската унија месецов дадоа поддршка на земјата за економските реформи, но не понудија финансиска помош.

Владата во Атина вети дека ќе го намали јавниот дефицит од околу 13% од бруто-домашниот производ на приближно 9% до крајот на годината. Грчкиот долг во моментов се проценува на преку 404 милијарди долари, или околу 113% од бруто-домашниот производ на земјата.

Колку е сериозна грчката криза?Многу, вели економистката Паула Сабачи од Политичкиот институт Чатам хаус во Лондон:

„Кризата е сериозна од многу причини.Прво, поради кредибилноста на Грција. Случувањата во изминатите неколку дена не ја подобруваат довербата во земјата и поради тоа странските инвеститори се мошне загрижени“.

<!-- IMAGE -->

Четвртокот, европскиот комесар за економија Оли Рен најави дека лично ќе изврши преглед на грчкиот план за излез од кризата откако ќе добие извештај одконтролорите на ЕУ, Европската банка и Меѓународниот монетарен фонд кои неделава беа во Атина.Тој во изјава за новинарите образложи како грчките проблеми влијаат на други земји:

„Се влоши расположението во некои сегменти на почетокот на годината поради растечката загриженост за фискалната ситуација во некои земји. Тоа доведе до нагло ширење на суверени обврзници во евро-областа, а особено во случајот на Грција“.

Европската комисија предочи дека внимателно ќе го следи секој потег на Грција за да провери дали се придржува до ветеното.Комесарот Рен смета дека грчката криза служи како поука за евро-зоната во целина.

Неколку агенции за следење на кредитниот рејтинг го намалија рејтингот на Грција, а Стандард енд Пур најави дека наскоро би можела да го стори истото. Тоа ќе ја стави Грција во категорија од висок ризик за инвестирање, со што земјата многу тешко ќе може да добива пари на заем.

Анкетите покажуваат дека без оглед на социјалните протести, мнозинството Грци ги поддржуваат строгите владини мерки.Ана Сабачи додава дека е клучно владата да се придржува до нив:

„Грчката влада има голем проблем.Најпрвин треба да си ја поврати кредибилноста. Начинот да се стори тоа е да обезбеди дека планот за намалување на дефицитот е веродостоен. Не е преамбициозен, со ризик да предизвика протести какви што видовме, но не е ниту преблаг“.

Аналитичарите укажуваат дека грчкиот долг се должи на неколку фактори. Земјата трошела премногу и не го пријавила во ЕУ вистинскиот износ на се` поголемиот дефицит. Критичарите наведуваат и дека ЕУ несоодветно ги контролирала бројките што ги испраќала Атина.

<!-- IMAGE -->

Но, Симон Тилфорд, кој е главен економист во Центарот за европска реформа во Лондон, коментира дека грчката криза одразува поголем економски проблем во Европа.Членовите на ЕУ, како Холандија и Германија, потрошиле премалку и нивните економии се движат на извозот.Јужните економии, како Грција и Португалија, пак, потрошиле премногу и како резултат на тоа натрупале долг.

„За да се најде трајно решение, потребни се промени на обете страни.Земјите тешко погодени со кризата како Шпанија, Грција, Португалија и Италија треба да преземат реформи за да ја зголемат продуктивноста, да ги намалат трошоците и да управуваат поефикасно со јавниот сектор“, коментира Тилфорд.

Но, тој додава и дека земјите како Германија, на пример, треба да овозможат поголема побарувачка за јужноевропските продукти.

Аналитичарите стравуваат дека грчката криза ќе се прелее на другите јужноевропски држави со слаби економии.Кризата покрена прашања и за комплексните и сомнителни финансиски зделки меѓу Грција и финансиските компании како Голдман Сачс, на пример.Тилфорд, пак, смета дека ова се симптоми, а не коренити причини за грчките маки.

Стручњаците како Тилфорд и Сабачи веруваат дека европските влади на крај ќе и` помогнат финансиски на Грција, бидејќи грчката криза наскоро може да стане – европска.

„Лично сум убедена дека ќе се најде решение за грчкиот проблем, бидејќи не можеме да претпоставиме што тој може да предизвика. Тоа е ризик што никој не сака да го преземе “ вели Сабачи.

Грчките проблеми се прелеаја и надвор од европските граници. Вредноста на еврото опадна, а со тоа американскиот извоз – клучниот елемент на економскиот опоравок на САД – стана понеконкурентен.

Во крајна линија, коментира Тилфорд, грчкиот проблем одразува светски проблем:

„Еврозоната е навистина само микрокосмос на глобалните проблеми што ги гледаме.Така, освен доколку не видиме дека големите земји во Источна Азија прават ребалансирање, од извозот - во правец на домашната побарувачка, нема да создадеме самоодржлив глобален економски опоравок“.

Меѓутоа, Тилфорд не верува дека Европа е подготвена, или пак дека е расположена да преземе фундаментални економски реформи за кои тој смета дека се потребни за одговор на вакви видови на ребалансирање.Регионот можеби ќе ја спаси Грција, наведува тој, но тоа е исто како да ставите само фластер на една - подлабока рана.

XS
SM
MD
LG