Линкови за пристапност

Белата куќа со мерки за заштита на пензиските заштеди


Белата куќа со мерки за заштита на пензиските заштеди
Белата куќа со мерки за заштита на пензиските заштеди

Белата куќа ќе објави мерки за заштита на пензиските заштеди на американските работници.

Новинските организации цитираат претставници на Белата куќа дека мерките вклучуваат и заштита на работниците од можен конфликт на интереси во контактите со финансиски советници кои управуваат со нивните пензиски сметки. Советниците ќе можат да дадат препораки само доколку тие се засновани на објективни компјутерски модели и доколку не добиваат провизија за насочување на инвестициите во фондови со кои се поврзани.

Потпретседателот Џо Бајден ќе ги објави мерките во рамки на средбата на Работната група за средната класа, со која тој претседава.

Претседателот Барак Обама го објави формирањето на групата во јануари 2009-та. Бајден изјави дека таа е основана за да испрати јасна порака до Американците кои вредно работат дека владата повторно е на нивната страна. Тој рече и дека Белата куќа долги години по ред не успеала да ја стави средната класа во врвот на своето политичко внимание.

XS
SM
MD
LG