<!-- IMAGE -->Средбата посветена специјално на реформата на
здравствената заштита во САД, чиј домаќин беше претседателот Барак Обама,
заврши без согласност за прашањето што и досега предизвикуваше поделби меѓу
републиканските и демократските пратеници.
На шестчасовниот состанок четвртокот во Вашингтон неколкупати дојде до напнати моменти. Мнозинските демократи дадоа поддршка за нацрт-законот за реформа на заштитата, додека малцинските републиканци побараа тој да се отфрли и да се почне наново.
Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси рече
дека е предоцна да се подготви нова легислатива, како и дека многу предлози од
постојниот нацрт дошле од републиканците, поради што би требало да ги поддржат.
Но, републиканскиот сенатор Ерик Кантор тврди дека
предлогот што го поднесоа демократите е прескап и ќе го зголеми националниот
долг.
Обама кажа дека реформата на здравствената заштита станала „мошне партиска и идеолошка битка“ и дека мора да се смени самиот тон на дебатата.