<!-- IMAGE -->
Американската економија забележа побрз раст од предвидениот во четвртиот квартал на 2009-та, а тоа воедно е и нејзиниот најдобар тримесечен учинок во последните шест години.
Владиниот Оддел за трговија петокот објави дека националниот бруто-домашен производ нараснал со годишна стапка од 5,9% во четвртиот квартал од минатата година, што е за две десетини од процент повеќе од првичните прогнози.
Бруто-домашниот производ е мерка за сите добра и услуги произведени во земјата и е најширок индикатор за тоа колку е солидна економската состојба.
И покрај добриот учинок во четвртиот квартал на 2009-та, американската економија во текот на целата година опаднала за 2,4%, што е најлош годишен резултат од 1946-та, а од најновиот извештај нема големи индиции дека во 2010-та ќе има некаков поголем растеж.
Според владините податоци објавени во петокот, широката потрошувачка во четвртиот квартал била послаба од очекуваното – нараснала со стапка од 1,7%, за разлика од 2,8% во претходниот квартал.