Линкови за пристапност

Најмалку 16 мртви во серија експлозии во Кабул 


Најмалку 16 мртви во серија експлозии во Кабул 
Најмалку 16 мртви во серија експлозии во Кабул 

Најмалку 16 лица - некои од нив странци - загинале во серија експлозии петокот во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти полицијата.

Најмалку 32 лица биле повредени во нападите што се случиле во близина на деветкатница- трговски центар и две приватни сместувалишта во кои често престојуваат странци.

Индискиот министер за надворешни работи С.М. Кришна вели дека до деветмина од загинатите се индиски граѓани, меѓу нив и официјални лица. Според владите на Авганистан и Италија, пак, во нападот загинал и еден италијански државјанин.

Авганистанскиот полициски генерал Гафар Сејеџада смета дека главна цел на напаѓачите било приватно сместувалиште каде често има гости од Индија. Тој вели дека пред зградата експлодирала автомобил-бомба, како и дека неколку бомбаши-самоубијци влегле во друго сместувалиште во непосредна близина и го активирале експлозивот на себе.

Талебан презеде одговорност за нападите, наведувајќи дека во нив учествувале најмалку пет бомбаши-самоубијци.

XS
SM
MD
LG