Линкови за пристапност

Интерактив со А1 ТВ:  време е да се реши проблемот со името  


Интерактив со А1 ТВ:  време е да се реши проблемот со името  
Интерактив со А1 ТВ:  време е да се реши проблемот со името  

И американски владини, и НАТО-претставници, и аналитичари бараат разврска на спорот

А1 ТВ: Додека Нимиц го опипува пулсот во Скопје и Атина, во Вашингтон зачестија пораките дека е крајно време за решение. На линија го имаме Ведран Андоновски од Гласот на Америка на македонски јазик. Ведран, што конкретно очекува Белата куќа?

Глас на Америка на македонски: Горан, и американски владини, и НАТО-претставници, и аналитичари велат дека е време да се реши проблемот околу името.

Помошникот-државен секретар Филип Гордон во говор за американската политика кон Југоисточна Европа деновиве порача дека е време е за храбро политичко лидерство што ќе го реши проблемот и воедно ќе ги промовира политичката стабилност и економските можности на регионот.

<!-- IMAGE -->

За претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Џиампаоло ди Паола, Македонија како да е членка - единствена пречка е името. Еве што кажа на прашање на Гласот на Америка на македонски на трибина во Фондацијата Херитиџ:

„Ние го сметаме Скопје не само како силен партнер, туку и повеќе од тоа, речиси во Алијансата, бидејќи единствено нешто што го одложува членството во основа е името".

<!-- IMAGE -->

Сали Мекнамара, пак, која е политички аналитичар во Херириџ, во интервју заГласот на Америка потенцираше декаГрција го прошири проблемот во однос на јазикот, пасошите и секакви други нешта и дека треба да се изврши притисок врз неа за да прекине да се однесува како божем сака да се реши проблемот:

„Мислам дека е време некој да истапи и да и` порача на Грција - сега се наоѓате во состојба во која ви треба европска помош поради ситуацијата со домашната економија и поради притисокот што го имате врз себе. Грција сега има поддршка од Европа и треба таа да подаде рака на друг. Преговорите може да продолжат и со Македонија во НАТО. Спорот меѓу двете земји не е нерешлив".

Горан?

А1 ТВ: Ведран Андоновски со јавување од Вашингтон.

XS
SM
MD
LG