Линкови за пристапност

Авганистанската влада зазеде утврдување на Талебан


Авганистанската влада зазеде утврдување на Талебан
Авганистанската влада зазеде утврдување на Талебан

Авганистанската влада тврди дека презела контрола над градот Марџа во најголемата операција под раководство на НАТО од почетокот на војната во земјата.

Авганистански претставници го истакнаа националното зелено-црвено-црно знаме пред стотици насобрани жители, како симбол на враќање на цивилната власт во ова поранешно утврдување на Талебан.

Обновата на владините услуги во покраината Хелманд ќе биде наредниот чекор во операцијата во која учествуваат 15.000 војници на НАТО и Авганистан.

Новиот управник на областа се пресели во Марџа во вторникот. Властите велат дека жителите започнале да се враќаат во домовите, иако во областа и натаму на места се одвиваат борби.

XS
SM
MD
LG