Линкови за пристапност

Со јасни етикети против задушување со храна


Со јасни етикети против задушување со храна
Со јасни етикети против задушување со храна

Добро е што Нејтан Гелдер го знаел универзалниот знак за задушување со храна кога ручал со другар му Каиден Кондос. И добро е што Каиден знаел што да прави. Кога Нејтан се задушувал Каиден и извел Хајмлихов маневар.

Осумгодишниот Маркис МекКолинс така го има спасенонеговиот мал брат кој се задушувал со паричка. Го грабнал и му го притиснал стомакот.

Паричката се изместила. Маркисдобил медал за брзо мислење.

Таканаречениот Хајмлихов маневар изгледа вака: двете раце ги ставате околу жртвата, правите тупаница со едната и со другата правите движења нагоре во абдоменот на жртвата.

Ова е добро да се знае, но доктор Гари Смит, педијатар, вели дека многу видови храна се едноставно опасни за деца – како грозје, пуканки, кренвишли. Особено последните.Врвот на кренвишла е совршен затворач на душникот. Толку добро може да се заглави, што за неколку минути може да донесе смрт заради недостиг на кислород, вели доктор Смит од Детската болница во Охајо. Тој и други педијатри велат дека мора да има предупредупредувачки етикети на високоризични видови храна.

Всушност, Американската академијана педијатри барапроизводителите да ја променат форматаи големината на опасната храна.

Од друга страна родителите може многу да сторат со сечење на оваа храна на мали парченца, или, како во случај собомбони, семки, неварени моркови и цели зрна грозје – никогаш не треба да бидат давани на мали деца.

XS
SM
MD
LG