Линкови за пристапност

Охридското Езеро до критичното ниво - се балансира испустот

  • Сашо Митаноски
  • за Охрид

Охридското Езеро до критичното ниво - се балансира испустот
<!-- IMAGE -->

Се балансира со испустот на водата од Охридското Езеро, со што се обезбедува од една страна да не бидат загрозени Охрид и Струга, а од друга да не биде загрозен патот на Црн Дрим до Глобочица и до Дебарското Езеро, порача четвртокот од Струга директорот на Центарот за управување со кризи Панде Лазаревски.

„Езерото е 20 сантиметри над дозволената кота. Меѓутоа заради дождот и силниот ветер, езерото делуваше застрашувачки. Денеска состојбата е поинаква. Мора да се балансира со испустот за да не се направат штети и да не се поплави делот на Дрим до Глобочица и до Дебарското Езеро", изјави Лазаревски.

Лазаревски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу ги обиколија најкритичните точки на охридско-струшкото крабрежје.

„Не можеме да жртвуваме одредени места за сметка на други. Ги следиме систе состојби и се обидуваме да направиме баланс. Комплетната механизација, сретства и луѓе се ставени на располагање секаде онаму каде што е потребно", кажа Салиу.

Одговорните најавуваат прецизно следење на состојбите и точно планирање колку вода ќе се испушти од езерото.

Во Пештани, како што рече Лазаревски, проблемот настанал поради нивото на кое се изградени куќите. Според него, подрумите на Пештанци се под нивото на езерото:

„Локалните власти ќе мора многу сериозно да се зафатат со она што е во нивна надлежност. Ова прашање и ние сериозно ќе го разгледаме откако ќе помине кризната ситуација", кажа Лазаревски.

XS
SM
MD
LG