Американскиот претседател Барак Обама е домаќин на самит во четврток што го пренесува телевизијата, со демократски и републикански законодавци, во обид да ги оживее напорите за здравствена реформа што беа закочени во конгресот.
Пред средбата претставници на двете страни
изразија надеж шестчасовната дискусија ќе донесе напредок.
Портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс за
утринските вести кажа дека претседателот Обама сака да ги ислуша Републиканците
и да инкорпорира повеќе од нивните сугестии во неговиот предлог за преуредување
на индустријата на здравствената
заштита.
Републиканецот број два во Претставничкиот дом
Ерик Кантор, рече дека се надева оти сесијата ќе биде продуктивна.
Други врвни Републиканци за самитот велат дека ќе биде „ништо повеќе отколку политички
театар".