Линкови за пристапност

Истражување: Обама ја губи поддршката од младите гласачи


Истражување: Обама ја губи поддршката од младите гласачи

Најново истражување сугерира дека американскиот претседател Барак Обама можеби го губи своето влијание меѓу младите гласачи – група што одигра значајна улога во неговата победа на претседателските избори 2008-ма.

Претставници на Истражувачкиот центар Пју, со седиште во САД, наведуваат дека околу половина од гласачите на возраст од 18 до 29 години веруваат дека Обама не успеал да ги исполни ветувањето од кампањата дека ќе ги промени политичките процеси во Вашингтон.

Истражувањето на таа возрасна група утврдило дека околу една третина го товари американскиот претседател за неуспех, но затоа околу половина ги обвинуваат политичките противници на Обама и групите што застапуваат специјални интереси.

Овие наоди беа објавени средата во рамки на поголемо истражување за трендовите на Американците од возрасната група популарно наречена „милениумска“.

Одвоено истражување на Пју објавено претходно месецов сугерира дека и Демократската партија ја губи поддршката меѓу помладите гласачи.

XS
SM
MD
LG