Линкови за пристапност

САД префрлија притвореници од Гвантанамо во Албанија и Шпанија


САД префрлија притвореници од Гвантанамо во Албанија и Шпанија
САД префрлија притвореници од Гвантанамо во Албанија и Шпанија

САД префрлија четворица притвореници од воениот затвор во Заливот Гвантанамо на Куба. Според соопштението на Одделот за правда, тројца биле префрлени во Албанија, а еден во Шпанија. Лицето префрлено во Шпанија е Палестинец, а останатите тројца се од Тунис, Египет и Либија.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Алфредо Перез Рубалкаба соопшти дека Палестинецот е прво од петте лица кои Мадрид ќе ги преземе од американската морнаричка база во југоисточниот дел на Куба каде се држат притвореници осомничени за тероризам, од кои многумина веќе со години без покренато обвинение против нив.

Рубалкаба вели дека префрленото лице ќе може да работи и да се движи слободно во Шпанија, но нема да биде во можност да ја напушти земјата. Тој не даде други детали за лицето, поради заштита на приватноста.

XS
SM
MD
LG