Линкови за пристапност

Протести во Атина во време кога се влошува кризата со долгот


Протести во Атина во време кога се влошува кризата со долгот
Протести во Атина во време кога се влошува кризата со долгот

Десетици илјади штрајкувачи во Грција излегоа на улиците во Атина, протестирајќи против владините строги планови за ублажување на кризата со долгот.

24-часовниот штрајк беше причина за одложени летови и запрен карго-транспорт и поголем дел од јавниот сообраќај во Атина. Повеќето владини канцеларии беа затворени.

Протестите, што вклучија и контакт меѓу младичи кои фрлаа камења и полицијата која употреби солзавец, доаѓаат во време на зголемен притисок врз грчката социјалистичка влада да го исполни ветувањето дека ќе ги намали своите трошоци што причинија дефицит.

Стандард енд Пур, една од трите водечки меѓународни агенции за кредитен рејтинг, во средата најави дека во наредните месец дена можеби ќе го намали рејтингот на Грција. Агенцијата наведува дека економските и политички преизвици во земјата ја загрозуваат незината способност да го намали буџетскиот дефицит.

Грчкиот дефицит кон крајот на 2009-та изнесуваше речиси 13 проценти од националниот бруто домашен производ – што е над четирипати повеќе од лимитот на Европската унија.

XS
SM
MD
LG