Линкови за пристапност

Сезона на орхидеи во Вашингтон


Со векови орхидеите ги интригираат луѓето кои одат во потрага по нив на сите континенти. Ги нема само на Антарктикот. За нив се напишани книги, направени филмови и фотографии, а Ботаничката градина во Вашингтон секоја година прави изложба на орхидеи што привлекува луѓе од секаде. Клајв Атио одгледува орхидеи 48 години. Последните 17 се грижи за колекцијата орхидеи во американската Ботаничка градина.Тој вели дека е вљубен во нив, дека орхидеите му се како семејство.

Во стаклената градина на Ботаничката градина има околу 5000 видови и повеќе од 8000 садници. Ова е најголемата колекција на Ботаничката градина.

Атио верува дека луѓето кои доаѓаат во контакт со орхидеите, се маѓепсувани од нив. Кој не го сака тоа, вели тој.

Атио се движи низ градината како да е негова куќа.

Тој го знае секое растение, неговото здравје, добиени награди и историја. Тој знае и трикови каква грижа секое од нив бара, особено кога доаѓа време за пресадување.

Орхидеите се подложни на вирус и зато тој ги стерилизира алатките со кои работи - со оган.

И така, со нежност и грижа, стотици орхидеи се подготвуваат за годишната изложба.

Од стаклената градина, тие се пренесуваат во Ботаничката градина – на подножјето на американскиот Капитол.

Овде се изложени околу две илјади расцутени растенија.

Ерик Ливит ја надгледува целата операција. Тој вели дека температурата е клучна за подготвување на орхидеите за изложба.

„Температурата ја подесуваме зависно од тоа што им треба да расцутат. Лани ја сниживме за да иницираме цутење", вели Ливит.

Ливит вели дека некои колекционери плаќаат по неколку илјади долари за ретка орхидеја.

Но, ова е исклучително искуство и за обичните посетители. Кем Ренкин е од Њу Хемпшир. Вели, „орхидеите изгледаат како да сакаат да ве гушнат". Затоа ги сака.

За професорот од Универзитетот во Мериленд, Фенк Стивенс, ова е оаза среде град. Место за релаксирање, за работа на менталното здравје.

Орхидеите се чини дека за секого имаат по нешто.

XS
SM
MD
LG