Линкови за пристапност

Мекристал се извини за цивилните жртви


Мекристал се извини за цивилните жртви
Мекристал се извини за цивилните жртви

Командантот на американските и НАТО-сили во Авганистан на националната телевизија во земјата се извини за минатонеделниот воздушен напад во кој загина 21-но лице.

Во обраќањето преведено на дари и пашто, генералот Стенли Мекристал кажа дека НАТО и авганистанските сили минатата недела целеле на, како што претпоставувале, бунтовници во покраината Урузган. Тој рече дека НАТО сега смета дека во нападот биле убиени и повредени голем број авганистански цивили.

Мекристал рече дека инцидентот е „трагична загуба на недолжни животи“ и тој наредил целосна истрага за да спречи тоа да се повтори. Генералот веќе има кажано дека заштитата на цивилите и добивањето на нивната доверба е приоритет за НАТО-силите во Авганистан.

XS
SM
MD
LG