Линкови за пристапност

Иран уапси милитант за кој тврди дека добил помош од САД


Иран уапси милитант за кој тврди дека добил помош од САД
Иран уапси милитант за кој тврди дека добил помош од САД

Иранските власти соопштија дека фатиле водач на сунтиска милитантна група во операција надвор од земјата и тврдат дека тој бил поврзан со САД.

Француската новинска агенција вторникот јави дека виш американски претставник ги отфрлил иранските наводи како „целосно лажни".

Иранските државни медиуми известуваат дека Абдулмалик Риги бил приведен во вторник додека бил во приватен авион, на лет од Дубаи до Киргистан. Риги е водач на милитантната група Џандала, која се товари за смртоносни напади во Иран. Засега не е јасно како иранските власти успеале да се најдат во приватниот авион за да го уапсат Риги.

Државната телевизија го цитираше иранскиот министер за разузнавање Хајдар Мослеши дека Риги бил во американската армиска база 24 часа пред да биде фатен, како и дека Американците му издале авганистански пасош.

Техеран обвинува дека САД ја финансираат Џандала, во обид да го дестабилизираат Иран. Вашингтон негира.

XS
SM
MD
LG