Линкови за пристапност

Клинтон повика на поблиска соработка меѓу Русија и НАТО


Клинтон повика на поблиска соработка меѓу Русија и НАТО

Американската државна секретарка Хилари Клинтон понеделникот повика на поблиска соработка меѓу Русија и НАТО. Таа говореше на семинар во Вашингтон за определување на стратешките цели на НАТО во иднина.

Клинтон ја повика Алијансата да го прошири пристапот за да се одбрани од меѓународни закани како тероризмот и ширењето на нуклеарно оружје. Таа наведе дека иако НАТО оригинално беше формиран по Втората светска војна за заштита од заканите од државите од советскиот блок, сега тој сака „кооперативни НАТО-Русија односи што даваат конкретни резултати“.

Напнатоста меѓу Русија и САД се зголеми изминатите години особено поради руската војна со Грузија во 2008-ма, како и американскиот план за распоредување на одбранбен противракетен штит во Европа.

XS
SM
MD
LG