Линкови за пристапност

Нимиц во Скопје во потрага по решение за спорот околу името


Нимиц во Скопје во потрага по решение за спорот околу името
Нимиц во Скопје во потрага по решение за спорот околу името
<!-- IMAGE -->

Посредникот на ОН во грчко-македонскиот Метју Нимиц по седум месеци пауза повторно дојде во Скопје, во нов обид да направи пробив во заглавениот процес за изнаоѓање на решение, непоходно за деблокирање на евро-атлантските интеграции на Македонија.

Нимиц дојде со многу очекувања, како што изјави пред новинарите. Според него, потребна е политичка воља за да се реши спорот.

„Ако страните се подготвени, мислам дека решението ќе се постигне за релативно кратко време. Луѓето продолжуваат да даваат нови идеи и предлози, но проблемот е добро познат овде и за повеќето концепти се разговара веќе неколку години. Значи, не треба да очекуваме да се случи некоја магија што ќе го реши тешкиот проблем. Луѓето треба да се соочат со сериозноста на проблемот и да го решат. За тоа е потребна политичка акција од двете страни", изјави Нимиц.

Посредникот исто така нагласи дека целата меѓународна јавност посакува решение на спорот поради повеќедимензионалноста на проблемот што тој го предизвикува.

Македонскиот премиер Никола Груевски, кој утре ќе се сретне со посредникот Нимиц, не сакаше да коментира за очекувањата од оваа средба.

„Неблагодарно е сега, додека е тој тука, јас да ги кажувам очекувањата. Генерално, би се задржал на изјавата на Милошоски што ја даде синоќа - ние се надеваме дека неговото присуство - и се надеваме дека ќе има и други присуства скоро - дека ќе дадат одреден резултат и дека ќе дадат едно придвижување на процесот", рече Груевски.

Попладнево Нимиц своите предлози му ги презентираше на претседателот Ѓорге Иванов и на шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. Утре се срекава со премиерот, а потоа заминува во Атина, за да ја продолжи мисијата за изнаоѓање на решение.

XS
SM
MD
LG