Линкови за пристапност

Џиампaоло ди Паола: Скопје речиси во НАТО, единствен проблем – името


Џиампaоло ди Паола: Скопје речиси во НАТО, единствен проблем – името
Џиампaоло ди Паола: Скопје речиси во НАТО, единствен проблем – името
<!-- IMAGE -->

Каква е долгорочната стратегија на НАТО за глобалната стабилност во 21-от век? Зошто светот денес е понебезбеден од порано? Дали НАТО треба да ја преземе улогата на глобален полицаец? На овие прашања се обиде да одговори претседавачот со воениот комитет на НАТО на излагање во Фондацијата Херитиџ.

Расте чувството на несигурност и неизвесност во светот и НАТО треба да се справи со тој предизвик. Заканите од глобалниот тероризам се реални, порача адмиралот Ди Паоло. Основна задача на НАТО во 21-от век е да се лоцираат и уништат корените од тероризмот, затоа што, во услови на глобализација, сите страдаме. Тероризмот не познава граници, рече тој.

„Како денес се справувате со терористичките закани? Еден од начините е да се дојде до изворот на проблемот. Сепак изворот не е лесно тој физички и географски да се лоцира и затоа мора да се трага насекаде.“

НАТО мора да спречи Авганистан да биде засолниште на Талебан, а авганистанскиот народ мора да ја презеде одговорноста за безбедноста во свои раце, рече адмиралот.

Тој заговара регионален пристап. Вели, решението не се однесува само на Авганистан - и од Пакистан треба да се искорени радикалниот ислам и регрутирањето на фанатици. Ди Паола го пофали придонесот на земјите-учеснички во НАТО-мисијата во Авганистан, па во тој контекст го запрашавме: како НАТО планира да ја реши ситуацијата во која Македонија е четврти придонесувач според соодносот бројност на армија – испратени војници во мисијата, но таа сепак се` уште е пред вратите на Алијансата?

„Се` уште е на маса поканата за членство во НАТО за Скопје и штом ќе се реши спорот со името, Скопје ќе стане член на НАТО. Тоа е силен политички сигнал што го повторивме. Ние го сметаме Скопје не само како силен партнер, туку и повеќе од тоа, речиси во Алијансата, бидејќи единствено нешто што го одложува членството во основа е името.“

НАТО дури денес бележи напредок по осум години од мисијата во Авганистан, рече адмиралот, и подвлече дека е потребно трпение меѓу сојузниците затоа што не може преку ноќ да дојде до демократизација на авганистанското општество.

XS
SM
MD
LG