Линкови за пристапност

Тридимензионални филмови за некои носат главоболка


Тридимензионални филмови за некои носат главоболка
Тридимензионални филмови за некои носат главоболка

Тридимензионалните филмови, како Аватар, не` восхитуваат со нивната визуелна претстава:

Филмот и режисерот Џејмс Камерон добија и официјално признание - Златен глобус.

Но, оваа драматична кинематографија за некои создава проблеми со видот, најдоа истражувачи од калифорнискиот универзитет Беркли.

Нормално, кога гледаме предмети од близу, нашите очи конвергираат. Се случува спротивното кога гледаме предмети во далечина.

Мартин Бенкс, професор по оптометрија на Беркли, вели дека 3-Д не им дозволуваат на очите да ги следат тие правила зашто фокусот е на предмети блиску и далеку во исто време: „Ги концентрирате очите на нешто блиску, но ги фокусирате очите на нешто што е далеку."

И тоа води до главоболка и заматен вид.

„Тоа што вашиот мозок до сега го го процесирал како нормално, сега го менувате. Ние покажавме дека тоа може да создаде истоштеност", вели Бенкс.

Бенкс додава дека помладите имаат поголеми проблеми во споредба со оние кои се на 50 и 60 години.

Бенкс зборувал со продуценти на филмови на оваа тема и добил впечаток дека постои волја да се направи нешто за проблемите што кај некои луѓе се многу изразени. Но тој додава дека лек за целосно отстранување на тегобите предизвикани од тридимензионални видеа – нема. А тоа не е утеха за најранливите – прогнозата е дека трендот на 3-Д дојде за да остане. Стручњаците велат зенитот ќе биде за околу пет години.

XS
SM
MD
LG