Американската секретарка за домашна безбедност Џенет Наполитано вели дека властите стануваат се позагрижени за американските државјани или луѓе што легално престојуваат во земјата, кои стануваат инволвирани во терористички заговори против САД.
Вчера таа зборуваше во Вашингтон на средба на американските гувернери. Притоа рече дека сеуште нема добри методи за спречување на луѓето да станат насилнички екстремисти.
Наполитано посочи на примерот кога петмина млади Пакистанци кои живееле во предградие на Вашингтон отпатувале во Пакистан да се приклучат на милитантни исламистички групи, и на примерот кога жител на Колорадо од авганистанско потекло минатата година беше уапсен заради намерата да употреби оружје за масовно уништување.
Инаку, ова беше средба кога претставници на
спроведувачите на законот на американските гувернери им претставија што
прават на планот на подавање рака
на муслиманските заедници во земјата.