Линкови за пристапност

Иран планира две нови нуклеарни постројки


Иран планира две нови нуклеарни постројки
Иран планира две нови нуклеарни постројки

Иран планира да изгради две нови нуклеарни постројки за процесирање на ураниум.

Иранските медиуми го цитираат раководителот на националната нуклеарна програма Али Акбар Салехи дека изградбата е закажана за следната иранска година, што започнува во март.

Иран во ноември објави план за изградба на 10 фабрики за збогатување на ураниум покрај постојната во Натанц, во време кога земјата продолжува да пркоси на меѓународните повици за откажување од нуклеарните амбиции.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху понеделникот го повтори повикот за итно ембарго на иранскиот енергетски сектор, без оглед дали Советот за безбедност на ОН може да постигне согласност за таквата мерка. Нетанјаху кажа дека не е сигурен дали санкциите би можеле да го спречат иранското однесување, но дека членовите на меѓународната заедница барем треба да пробаат со строги санкции, бидејќи "ништо друго нема да биде ефикасно".

XS
SM
MD
LG