Линкови за пристапност

Авганистан:  27 цивили загинале во напад што го извршил  НАТО 


Авганистан:  27 цивили загинале во напад што го извршил  НАТО 
Авганистан:  27 цивили загинале во напад што го извршил  НАТО 

Владата на Авганистан тврди дека 27 цивили загинале во воздушен напад што НАТО го извршил во јужниот дел на земјата. Владиниот Совет на минстри во изјава понеделникот го осуди инцидентот во покраината Урузган како „неоправдан“.

НАТО, пак, кажа дека целта биле бунтовници за кои се верува дека биле на пат да ги нападнат коалиционите сили. Алијансата во соопштението наведува дека нејзините војници по нападот нашле жени и деца и ги префрлиле во медицински установи.

Во покраината Нангархар во источен Авганистан, пак, полицијата соопшти дека напаѓач-самоубиец усмртил најмалку 14 лица, меѓу кои и влијателен племенски лидер. Целта на напаѓачот бил состанок на племенски старешини, при што загинал Хаџ Мухамед Заман Гамшарик, познат и како Хаџи Заман. Тој и неговите племенски паравоени сили играа клучна улога во неуспешниот обид за фаќање на Осама бин ладен во Тора Бора во 2001-ва.

XS
SM
MD
LG