Линкови за пристапност

Филип Гордон: време е за храбро политичко лидерство за проблемот со името


Филип Гордон: време е за храбро политичко лидерство за проблемот со името
Филип Гордон: време е за храбро политичко лидерство за проблемот со името
<!-- IMAGE -->

Во говорот за политиката на претседателот Барак Обама кон Југоисточна Европа, одржан минатата недела на престижниот универзитет Харвард, помошникот државен секретар Филип Гордон наведе дека иако регионот не фигурира толку во насловите колку Авганистан или Иран, неговата натамошна стабилизација и интеграција во Европа е важен дел од фокусот на американската надворешна политика, со крајна цел – цела Европа да биде демократска, просперитетна, обединета и безбедна.

Проблемот околу името со Грција е пречка за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, рече Гордон и побара негово решавање.

„Знаеме дека ова е тешко прашање, но сега е време за храбро политичко лидерство што ќе го реши проблемот и воедно ќе ја промовира политичката стабилност и економските можности на Југоисточна Европа“, кажа претставникот на Стејт департментот задолжен за европски и евроазиски прашања.

XS
SM
MD
LG