Линкови за пристапност

Холивуд се подготвува за Оскарите


Холивуд се подготвува за Оскарите

Холивуд се подготвува за наградите на Филмската академија, познати како Оскари. Настанот на 7-ми март е врв на годината за американската филмска индустрија.
Кристоф Валц е австриски актер кој доби номинација за Оскар за придружна улога во филмот на Квентин Тарантино „Инглориас Бастердс“. Валц се смета за фаворит, и игра лицемерен и злобен нацист. Вели, трката за Оскар не е само да се победи:
„Не се работи за натпреварување. Тоа не е спортски настан. Нема пиштол кој означува почеток на трката, за сите да трчаме и оној кој ќе истрча под 10 секунди е победник. Ова го правиме заедно. Ова е прекрасно дружење кое никогаш не сум го доживеал“, признава Валц.
Главни натпреварувачи за овогодишните оскари се режисерот Џејмс Камерон и неговата тро-димензионална фантазија „Аватар“.
Ли Даниелс, режисер кој стои зад неочекуваниот успех на „Прешс“, вели дека главниот лик во приказната е аутсајдер - игнорирана од сите околу неа. Тој вели дека тоа не е типична тема за филм кој е номиниран за Оскар. Главниот лик го игра Габуреи Сидибеј, која е проблематична и гојазна афро-американска тинејџерка.
За повеќето категориии за Оскари има по пет номинации. Годинава категоријата за најдобар филм, е проширена на избор од десет.
Меги Гиленхал е номинирана за споредна улога во „Крејзи Харт“. Филмот е за остарен кантри музичар. Таа вели дека игра лик спротивен на оној на Џеф Бриџис и актерот-ветеран и дал совет да не возбудува премногу за конкуренцијата:
“Една работа која ми ја рече пред да бидам номинирана е дека всушност нема ништо специјално од другата страна на виножитото. Мирече, уживај и забавувај се во тој дух“.
Џереми Ринер е номиниран за најдобра актер за неговата улога во воениот филм „Хрт Локер“ кој вели дека признанието од обожавателите, особено од семејствата на воените ветерани, е вредно колку и освојувањето на евентуалниот Оскар.
Филмот е во режија на Кетрин Бигелоу и води по бројот на номинации заедно со „Аватар“ на Камерон. И двата филма имаат по девет. И двата се натпреваруваат во категоријата за најдобар филм.
Има многу награди во Холивуд, од критичарите и од странските новинари, од асоцијации на актери, продуценти, режисери. Но, наградите од филмската академија се кулминација на изминатата сезона.
Колин Фирт, ѕвезда на драмата „Сингл мен“, вели дека виорот на активности кои водат до Оскарите го оставаат збунет:
„Откога луѓето почнуваат да зборуваат за филмовите, постојано сте во такви кругови. Ништо не процесираш. Значи, секако дека сум восхитен“, признава Фирт.
Победниците на Оскарите се селектирани од околу 6.000 членови на Академијата за подвижни слики и наука, која ја сочинуваат актери, продуценти и други лица во филмската индустрија.

XS
SM
MD
LG