Линкови за пристапност

Тајгер Вудс јавно се извини


Тајгер Вудс јавно се извини
Тајгер Вудс јавно се извини

Најдобро рангираниот професионален голфер во светот, Тајгер Вудс јавно се извини за љубовните афери.

Видно емотивниот Вудс рече „за се` што сторив, жалам“.
34-годишниот американски спортист на прес-конференција во живо пренесувана на неколку медиуми, јавно им се извини на семејството, обожавателите, соиграчите и бизнис-партнерите, за како што рече „неговото себично и неодговорно однесување“.

Тој рече дека сака неговиот брак и семеен живот да останат приватни, но призна: „Имав афери, ја изневерував сопругата“. Тој рече дека застранил од главните вредности на неговите религиозни убедувања.

Вудс рече дека планира да му се врати на голфот, но не знае кога. Вудс планира да се врати во Центарот за рехабилитација, каде прима терапија и е на лекување од декември.

Тајгер Вудс ги демантираше извештаите за домашно насилство во неговиот брак и други приказни кои медиумите ги фабрикуваа за неговото семејство. Тој побара од медиумите да ги остават на мира неговата сопруга и децата.

XS
SM
MD
LG