Линкови за пристапност

Обама нуди помош за оние што не можат да ги отплаќаат станбените кредити


Обама нуди помош за оние што не можат да ги отплаќаат станбените кредити
Обама нуди помош за оние што не можат да ги отплаќаат станбените кредити

Американскиот претседател Барак Обам претстави нова програма во петокот за да им се помогне на сопствениците на домови кои имаат тешкотии во плаќање на станбените кредити.

Една ипол милијарда долари ќе оди во државите каде цените на домови паднале за една петина или повеќе за време на рецесијата, вклучувајќи ја и Невада, каде кризата со станбени кредити удрила мошне силно. Обама имаше неформален говор во Невада во петокот и одговараше на прашања од публиката.

Паѓањето на вредноста на куќите во некои случаи било толку нагло, што многу домови сега вредат помалку отколку парите што сопствениците на домови ги должат во форма на станбени кредити.

Новата програма за помош е дизајнирана со цел да им се помогне на државните агенции да работат со сопствениците на домови на намалување на нивните месечни рати. Програмата ќе ги охрабри банките да ги намалат месечните побарувања за станбени кредити со намалување на каматните стапки или на сумата што се должи од страна на деликвентните сопственици на домови.

XS
SM
MD
LG