Американскиот Оддел за одбрана реши да го промени името на американската мисија во Ирак во „Операција нова зора“.
До сега активностите беа
под името „Операција ирачка
слобода“.
Секретарот за одбрана на САД Роберт Гејтс во
меморандум кажа дека промената треба да е одраз на новите односи со ирачката
влада.
Новото име ќе се применува од септември кога
бројот на американски трупи ќе падне на
околу 50.000 и ирачката армија ќе преземе
поголем дел на одговорноста за националната безбедност.