Линкови за пристапност

Пекинг протестира поради средбата со Далај Лама


Пекинг протестира поради средбата со Далај Лама
Пекинг протестира поради средбата со Далај Лама

Официјални лица во Пекинг го повикаа американскиот амбасадор во Кина да му врачат протестна нота поради средбата на претседателот Барак Обама со духовниот водач на Тибет, Далај Лама.

Неколку часа по средбата меѓу двајцата лауерати на нобеловата награда за мир во Вашингтон, портпаролот на кинеското минисрество за надоврешни работи издаде соопштение во кое наведе дека средбата ги повредила американско-кинеските односи.

Портпаролот на американската амбасада во Вашингтон изјави дека ваква реакција била очекувана и негираше дека средбата на Обама со Далај Лама сигнализирала поцврст став спрема Кина заради состојбата со човековите права.

XS
SM
MD
LG