Линкови за пристапност

Проблемот со името не е фер, но мора да се реши, порачаа американските конгресмени


Проблемот со името не е фер, но мора да се реши, порачаа американските конгресмени
Проблемот со името не е фер, но мора да се реши, порачаа американските конгресмени

Ситуацијата во врска со прашањето за името не е фер, но проблемот треба да се реши, беше пораката од американскиот Конгрес во Скопје што на македонските пратеници им ја донесе конгресменот Ерл Померој при посетата на Македонија.

„Ставот на Конгресот е идентичен со ставот на администрацијата на претседателот Барак Обама што веќе го изнесе нашиот амбасадор. Прашањето треба да се реши. Страните треба да постигнат договор за прашањето за да има напредок во однос на НАТО и на ЕУ. САД сакаат да ја видат Македонија во ЕУ и во НАТО", изјави на прес-конференција конгресменот Померој.

Конгресмените, освен интензивните средби со македонските власти во Скопје, присуствуваа и на првата надзорна расправа во Собранието посветена на имплеменатацијата на Спогодбата за соработка меѓу владите на Македонија и на САД во однос на економскиот раст, демократијата, локалната самоуправа, образованието и активности во други сектори.

XS
SM
MD
LG