Линкови за пристапност

Мал авион се урна во зграда во Тексас


Мал авион се урна во зграда во Тексас
Мал авион се урна во зграда во Тексас

Американските власти веруваат дека лице огорчено на националната даночна агенција намерно урнало мал авион во зграда во Тексас каде се наоѓаат канцелариите на Службата за внатрешни приходи. Пилотот е идентификуван како Џозеф Стак. Официјални лица наведуваат дека на неговата Интернет-страница нашле гневна самоубиствена порака со антивладина содржина.

Според полицијата, инцидентот што се случил во Остин е изолиран случај и неговите граѓани и земјата во целост не се во опасност.

Авионот-едномоторец се урнал во долните катови на зградата претпладнето четвртокот, по што се запалил. Огнот однел значителен дел на зградата, пред да биде изгаснат.

Едно лице за кое се верува дека работело во зградата се води за исчезнато, а други две биле примени во болница поради повреди.

XS
SM
MD
LG