Линкови за пристапност

Рикер: Немојте да отежнувате повеќе отколку што е потребно


Рикер: Немојте да отежнувате повеќе отколку што е потребно
Рикер: Немојте да отежнувате повеќе отколку што е потребно

Американскиот амбасадор Филип Рикер денеска пред пратениците во Собранието повика што поскоро да се надмине проблемот со името.

„Мојата прва забелешка би била - немојте да отежнувате повеќе отколку што е потребно. Има тенденција да се замислуваат работи, да постои страв и да се направи овој процес потежок отколку што е", изјави Филип Рикер зборувајќи пред Комисијата за надворешна полтика на чиј дневен ред беше имплеметацијата на Спогодбата мегу Владата на РМ и САД за економски развој.

Американскиот прв дипломат во земјава во своето обраќање пред парламентарците рече дека верува оти евро-атлантската интеграција на Македонија е единствениот начин да се обезбеди иднината на Македонија како стабилна, просперитетна, мултиетничка демократија.

„Од витална важност е да се постигне напредок и да разреши ова прашање во претстојните месеци. САД не можат да го решат ова за вас. Никој не може да гарантира дека учеството во НАТО и во ЕУ, што е ваша цел, е можно ако не се реши ова прашање", кажа Рикер.

Американскиот амбасадор во оваа прилика потсети дека потпишаната Декларација за стратешко партнерство по самитот во Букурешт, не може да биде замена за членство во Алијансата.

САД досега имаат дадено речиси една милијарда американски долари за помош на Македонија. Предвидено е програмата за поддршка на Македонија да заврши во 2011 година, но намерите се, како што изјави Рикер, таа да биде продолжена до 2015 година.

Амбасадорот на САД во оваа прилика упати апел до пратениците повеќе да ги користат нивните ингеренции и да воспостават контрола врз парите во буџетот.

„Вие имате моќ, имате и средства. Владата може да предложи буџет, но вие сте тие кои имаат последен збор за распределба на ресурсите", рече Рикер укажувајќи дека има уште многу што да се направи за Македонија да ја надмине економската криза.

Инаку денеска во Скопје престојува и делагација на Европскиот парламент. Пратениците Талер и Шацимаракис ја пренесоа пораката на ЕП за тоа дека би сакале Македонија уште во март да започне преговри за членство поради што повикаа што поскоро да биде најдено решение за проблемот со Грција.Слична порака во Скопје утре ќе донесе и еврокомесарот за проширување Штефан Фуле.
XS
SM
MD
LG