Линкови за пристапност

Американска поддршка за македонското судство


Американска поддршка за македонското судство
Американска поддршка за македонското судство

Ова е уреднички коментар што го одразува ставот на американската влада:
<!-- IMAGE -->


„Потребата за независно судство е клучно за демократијата", кажа американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер. Во говор од 3 февруари во Академијата за обука на судии и обвинители, во Скопје, амбасадорот Рикер кажа дека САД ја поддржуваат Македонија во креирањето на позитивна култура на владеење на правото. „Независно судство", рече тој, „е дел од клучната рамнотежа меѓу гранките на власта и е основен стандард на владеење на правото во Европа и преку Атлантикот во САД, и би можел да додадам и во Канада и многу други демократии."

Академијата го покани амбасадорот Рикер и претставниците на корпорацијата Мајкрософт по повод претставувањето на софтверски систем дизајниран од Мајкрософт за следење на судските постапки во Македонија. Амбасадорот забележа дека системот е дизајниран да придонесе во транспарентноста и да и` помогне на Македонија да ги постигне европските стандарди за примена на законот.
„Успешно владеење на правото не значи само усвојување на соодветна легислатива", и` кажа на публиката амбасадорот Рикер. „За демократијата да успее, мора да има целосна имплементација на законите низ сите сектори без предрасуди", рече тој.


„Корупцијата и политиканството сеат семе на сомнеж што го подрива статутарниот напредок. Мешањето на владата во поединечни случаи ја подрива демократијата и создава клима на страв кај населението и судиите кои сакаат да го спроведат законот", рече тој. „Ние ги научивме овие лекции низ нашата историјата во САД".


Транспарентноста на судскиот процес е друг стожер на одржливоста на владеењето на правото. „Транспарентноста не значи селективно објавување на информации кога се чини пригодно за судот или само кога тоа е побарано од граѓански групи или од меѓународната заедница", рече амбасадарот. „Потребата од транспарентност исто така се однесува на акции и судски поднесоци од обвинители и мислења и одлуки од Судскиот совет.


САД помогнаа да се финансираат проекти дизајнирани за охрабрување на интеракција меѓу македонскиот судски систем и граѓаните. Академијата за судиитеи обвинителите игра витална улога во зајакнување на владеењето на правото во Македонија, бидејќи тоа е институција одговорна за едуцирање на идните генерации на македонски судии и обвинители.


САД се надеваат дека иницијативата на софтверскиот систем ќе води кон идно партнерство за зајакнување на транспарентноста, судската независност, спроведувањето на законите и правдата во Македонија во иднина, во насока на нејзините евро-атлантски цели.

XS
SM
MD
LG